Баерн подготви 70 милиони евра за репрезентативец на БиХ

Германскиот шампион, Баерн Минхен, е заинтересиран во своите редови да го донесе репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ.

Репрезентативецот на БиХ, изминатото лето направи трансфер од Сасуоло во премиерлигашот Лидс и со одличните игри го привлече вниманието на Баерн.

Според „Тимток“, германскиот тим внимателно ги следи настапите на 23-годишниот дефанзивец и во 2027 година ќе биде една од главните мети за освежување на дефанзивата.

Челниците на Баерн ќе се обидат уште во зимскиот преоден рок да го опипаат пулсот на Лидс кој за Мухаремовиќ плати 40 милиони евра.

Мухаремовиќ со Лидс потпиша договор со 2031 година и доколку баварците доколку се сериозни во намерата да го ангажираат одличниот дефанзивец ќе мора да достават богата понуда, а таа според „Тимток“ изнесува 70 милиони евра.

Се вчитува...