Баерн продолжува со одличните партии, Зенит подобар од АСВЕЛ

Баерн Минхен продолжува со одличните резултати во годинашното издание од Евролигата. Баварците во 8. коло триумфираа на домашен терен против шпанска Валенсија со 90-79. Клучен во натпреварот беше последниот период кој Германците го добија со девет поени разлика. Владимир Лучиќ со 22 поени и Пол Зипсер со два помалку беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Препелич уфрли 18.

Руски Зенит славеше на гостувањето кај АСВЕЛ со 53-66. Во натпревар со многу промашувања Русите се снајдоа подобро и ја запишаа третата победа сезонава. Најдобар поединец во таборот на Зенит беше Вил Томас со 14 поени, надополнети со седум скока и две асистенции. Кај АСВЕЛ Чарлс Кахуди мечот го заврши со 14 поени.

Се вчитува...