Баерн продолжува со ремонтот – уште еден голем ас кажа збогум

Баерн Минхен продолжува со „ремонтот“ во играчкиот кадар, па по заминувањата на Давид Алаба и на Џером Боатенг денеска беше официјално објавено дека нема да биде продолжена соработката ниту со Хави Мартинез.

Шпанскиот интернационалец пристигна во Баерн во 2012 година и секоја сезона оттогаш стигнуваше до титулата во Бундес-лигата. Иако не беше најстандарден изминатата сезона, Мартинез со својата универзалност на теренот даде свој придонес во новиот трофеј, сепак недоволно за да се убеди управата да му понуди нов договор.

„Бескрајно сум горд што бев дел од семејството на Баерн Минхен во изминатите девет години. Никогаш нема да го заборавам овој период, Минхен беше мој дом, голема благодарност до сите во клубот и најмногу до фановите. Живеев за Баерн, горд сум на сите освоени трофеи“, изјави Хави Мартинез.

Се вчитува...