Баерн против „шпанската клетва“ во ЛШ

Баерн Минхен барем на хартија важи за огромен фаворит во двомечот против Севилја, но во таборот на баварскиот гигант се свесни дека мора да внимаваат на традицијата кога против себе имаат ривали од Шпанија во ЛШ, резултати што воопшто не му се наклонети на актулелниот првак на Германија.

Имено, во последните четири сезони баварците не успеваа да стигнат до трофејот во елитното европско натпреварување, а на патот редовно им застануваше противник од „Ла Лига“.

Само за потсетување, ланскиот атак на врвот по голема драма заврши со елиминација по продолженија од Реал Мадрид, додека во сезоната 2015/2016 баварскиот гигант во полуфиналето загуби од Атлетико Мадрид. Сезоната 2014/2015 на патот на Баерн до финалето застана Барселона, додека во 2013/2014 Реал Мадрид беше тимот што го зеде скалпот на баварците.

Уште еден проблем е фактот дека Баерн Минхен претрпе порази на последните пет гостувања во Шпанија, додека од друга страна, Севилја е без пораз на последните единаесет средби на домашен терен против ривали од Германија (седум победи и четири реми).

Статистики што јасно ставаат до знаење дека избраниците на Јуп Хејнкес нема да имаат нималку лесна задача.

Се вчитува...