Баерн само до бод против Вердер, Чурлинов од клупа ја следеше голеадата меѓу Хофенхајм и Штутгарт (ВИДЕО)

Баерн Минхен одигра само реми 1-1 против Вердер Бремен во натпревар од 8. коло во германската Бундес-лига. Гостите беа подобар противник во првиот дел во кој преку Егештајн во 45. минута дојдоа во водство од 0-1, а во неколку наврати Мануел Нојер со одлични интервенции ги спасуваше „баварците“. Европскиот шампион во второто полувреме заигра далеку подобро, но до крајот успеа да стигне само до реми 1-1, откако Кингсли Коман стрелаше во 62. минута.

Младинскиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов од клупата за резервни фудбалери ја проследи голеадата на неговиот Штутгарт на гостувањето кај Хофенхајм (3-3). Гостите буквално во последните моменти од мечот успеаја да дојдат до бод преку Кемп.

Во останатите мечеви од терминот од 15:30 часот, Леверкузен славеше на гостувањето кај Арминија Билефилд со 1-2, a Борусија Менхенгладбах ремизираше 1-1 со Аугзбург.

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 8. КОЛО:

Арминија Билефилд – Баер Л. 1-2

Борусија М. – Аугзбург 1-1

Баерн М. – Вердер Б. 1-1

Хофенхајм – Штутгарт 3-3

Шалке 04 – Волфсбург 0-2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...