Баерн се распадна на „Етихад“: Манчестер Сити има предност од 3-0! (ВИДЕО)

Манчестер Сити е со една нога во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако на десетина минути до крајот има предност од 3-0 против Баерн Минхен.

Откако на стартот од вториот дел Баерн со неколку шанси опасно се закани кон голот на Едерсон, премногу грешки во одбраната на Баерн ги чинеше „Баварците“ скапо.

По водството во првиот дел со голот на Родри, во второто полувреме на 2-0 зголеми Бернардо Силва, после катастрофалната реакција на Дајот Упамекано. Не мина многу време, а погоди и Халанд за 3-0 и предност која е голема, а Баерн е пред првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите.

Се вчитува...