Баерн со изненадувачки трансфер надвор од преодниот рок

Баерн Минхен итно ќе реализира нов трансфер со ангажман на заменски стопер, во името на Сократис Папастатопулос.

35-годишниот Грк моментално е без клуб откако го напушти Олимпијакос, а Баерн поради повреда остана без стандардниот Упамекано и е принуден да бара брзо решение.

Сократис во кариерата играше за АЕК, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал, а за селекцијата на Грција досега има 90 настапи. Во Баерн би дошол бесплатано затоа што во моментов е без договор.

Се вчитува...