Баерн среќно до бод против Нирнберг, „милионерите“ уште се во трка за титулата

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Нирнберг откако одигра 1-1, а тоа ја остава Борусија Дортмунд се уште во трка за освојување на шампионската титула. Баварците сега имаат два бода предност пред „милионерите“ на три гола до крајот на шампионатот во Бундес-лигата.

Баерн Минхен беше на прагот на пораз, но Тим Леиболд, фудбалерот на Нирнберг, не реализира пенал во 90.минута од мечот, погодувајќи го само дирекот од противничкиот гол.

Нирнберг поведе со голот на Матеус Переира во 48.минута, а израмни Серж Гнабри во 75.минута од мечот. Во судиското продолжение, Кингсли Коман пропушти колосална шанса и за триумф на баварскиот тим.

Се вчитува...