Баерн успеа во невозможното – Дејвис ќе го одбие Реал за да потпише нов договор

Афонсо Дејвис премногу долго ги одбиваше понудите на Баерн Минхен и се чинеше дека офанзивниот лев бек прави се што може за да остане во Минхен до истекот на договорот, а потоа како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид, нешто што пред неколку години му успеа на Давид Алаба.

Дејвис инсистираше на бруто плата од 20 милиони евра (моментно има 11,5 милиони бруто) што баварците немаа намера да му ја исплатат, Реал чекаше со отворени раце, но последните информации од Германија говорат дека „кралевите“ нема да го добијат посакуваното засилување.

Германскиот фудбалски новинар Флоријан Петенберг, кој важи за најупатен за случувањата во Баерн, обелодени дека последната рунда преговори меѓу управата на Баерн и агентот на Дејвис била крајно успешна. Начелно, двете страни се договориле Канаѓанецот да добие нов четиригодишен договор за бруто плата од 15 милиони евра по сезона, а останува само да се решат неколку детали пред овој договор и официјално да биде потпишан.

Се вчитува...