Баерн Минхен би можел да се обиде во јануари да го купи голманот на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума!
Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот што со години го тресе англискиот фудбал, а последиците би можеле да се почувствуваат и на трансфер пазарот.
Додека на „Етихад“ се чека исходот од евентуалните санкции, европските гиганти веќе внимателно ја следат ситуацијата. Меѓу нив е и Баерн Минхен, кој, според најновите информации, сака да го „украде“ Џанлуиџи Донарума.
Италијанскиот голман пристигна во Манчестер Сити од ПСЖ минатото лето и потпиша договор до јуни 2030 година. Сепак, ситуацијата во меѓувреме целосно се промени.
Сити е прогласен за виновен по огромното мнозинство од 115 обвиненија поврзани со прекршување на финансиските правила на Премиерлигата, а потенцијалните санкции сè уште не се финализирани. Можните казни вклучуваат сериозна казна за бодови, што го покрена прашањето што би можело да се случи со најголемите ѕвезди на клубот.
И токму тука Баерн ја гледа својата можност, но не само баварскиот гигант, туку и многу други европски гиганти. Донарума е меѓу играчите чија иднина би можела да стане особено интересна ако Манчестер Сити се соочи со тешки санкции.
За Баерн, доаѓањето на Донарума би бил огромен потег, но многу ќе зависи од развојот на ситуацијата на „Етихад“ и конечните одлуки во случајот со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
