Баерн во офанзива: Ќе ги користи финансиските проблеми на Барса

Долго очекуваниот трофеј во Лигата на Шампиони конечно се врати во Минхен, па падна и притисокот во редовите на германскиот клуб за освојување на најголемиот трофеј. Баварците релативно лесно ја поминуваат и „корона кризата“, на финансиски план тимот од „Алијанц Арената“ е стабилен, а ќе се обиде да ја искористи кризата во останатите клубови.

Години наназад желба на Баерн е Френки Де Јонг, постоеа и обиди да се доведе Холанѓанецот во Минхен, но влезот на Барселона во договор со младиот играч ги помеша плановите на германскиот состав. Сега кога каталонскиот состав се соочува со сериозна финансиска криза, Германците ќе се обидат да го донесат играчот од средниот ред во своите редови. Барса плати над 70 милиони евра, но сега баварскиот гигант се надева дека со 50 милиони евра ќе успее да го доведе Де Јонг на „Алијанц Арена“, користејќи ја големата криза на каталонските гигант.

Како алтернатива во медиумите се споменува и Едуардо Камавинга, младиот ас на Рен кој на крајот на сезонава ќе ги смени клупските бои и ќе замине во некој од европските гиганти кои повеќе од една години ја следат неговата форма.

Се вчитува...