Багацкис: Не е лесно да играте во сауна

Украинскиот селектор Аинар Багацкис беше задоволен од резултатот и забележаната победа, но кормиларот на гостинската селекција се пожали на ненормалните услови во салата „Борис Трајковски“ и огромната температура при која се играше овој квалификациски натпревар.

Според него, првата четвртина на Украина беше пресудна за гостите да се радуваат на триумф на оваа средба.

„Да бидам искрен, не беше лесно да се игра во сауна, во услови како што имавме денеска во салата. Пресудна беше првата четвртина, што ја одигравме беспрекорно, погодивме бројни тешки шутеви. Ова беше можеби најдобра четвртина на моја екипа откако сум тренер, навистина се функционираше беспрекорно. Потоа Македонија успеа да се врати, со агресивна одбрана влезе во неизвесна завршница. Мислам дека во последните минути имавме повеќе среќа и тоа ни ја донесе победата“, изјави селекторот на украинската репрезентација.

Се вчитува...