Бахреин приклучи резервен играч за дуелот со Македонија

Пикерот Хасан Алфардан се приклучува во составот на Бахреин за денешниот меч против Македонија во рамките на 2.коло од групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска.

Селекторот на Бахреин, Арон Кристјансон, реши да го комплетира тимот и во полн состав да и се спротивстави на Македонија. Во овој случај не се разботи за замена, туку за докомплетирање на тимот бидејќи Бахреин и Шведска стартуваа со по 15 играчи во составот оставајќи можност да приклучат по еден дополнителен играч во текот на шампионатот.

Кристјансон реши тоа право да го искористи пред мечот со Македонија. Во првото коло, Бахреин загуби од Шпанија, а Македонија славеше победа против Јапонија.

Хасан Алфардар е 30-годишен играч на домашниот тим Ал-Наџма, а за националниот тим досега има одиграно 75 натпревари и постигнато 300 гола. Покрај новодојдениот Алфардан, репрезентацијата на Бахреин на пикерската позиција го има и неговиот клупски колега од Ал-Наџма, Мохамед Мерза.

Во составот на македонската репрезентација нема измени во однос на првиот меч. Од 18 играчи што му се на располагање на селекторот Раул Гонзалес, на трибините остануваат голманот Златко Даскаловски и третиот пикер Милан Лазаревски.

Се вчитува...