Талгат Баисуфинов, селекторот на Казахстан ги искажа своите импресии по натпреварот во Скопје и бодот кој го освоија против Македонија, играјќи нерешено 1-1.
Казахстанскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот видно задоволен од резултатот, истакна дека неговата селекција покажа дека се движи по вистинска насока.
„Задоволен сум од играта на нашата селекција и од начинот на тоа како се покажавме на теренот. Она кое го покажавме особено во првиот дел, е она што треба да го играме во иднина. Во првото полувреме знаевме дека можеме со висок пресинг можеме да и парираме Македонија. Во вториот дел малку се „распаднавме“, меѓутоа ова е вистинскиот пат по кој треба да се движиме“, рече Баисуфинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

