Бајиќ: Чест ми е што сум селектор на Македонија, сакам да останам овде најмалку десет години

Драган Бајиќ е изборот на раководството на КФСМ за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, како наследник на досегашниот кормилар Александар Тодоров.

Бајиќ е предводник на екипата на Игокеа, клуб со кој е најпријатно изненадување во АБА-лигата сезонава, а работата со македонскиот национален тим ќе биде негов прв ангажман во репрезентативната кошарка за оваа сезона. Македонија не успеа да обезбеди пласман на Евробаскет 2021, поради нашата репрезентација повторно ќе игра претквалификации за СП.

„Пред се благодарност до луѓето од федерацијата за укажаната доверба. За секој тренер е чест да биде селектор на една репрезентација, јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски, кои како играчи имале врвни тренери, сега се решија да ме изберат токму мене за нов селектор. Доаѓам со голема енергија и желба, да направам големи работи. Би сакал да останам десет години, ако тоа се случи ќе значи дека сме направиле добри резултати во овој период. Оној мој темперамент е таков да се обидам од секој играч, при тренинзите и натпреварите, да биде најдобар што може. Она што како тренер го барам, мораме сите да бидеме како семејство, да дишеме како едно, бидејќи само тоа е патот кон успехот“, изјави Бајиќ.

Тодор Гечевски не го криеше задоволството од ангажманот на Гајиќ, за кого директорот на федерацијата истакна дека очекува да остане на кормилото најмалку четири години.

„Во текот на минатата седмица договоривме соработка со Бајиќ, верувам дека направивме прав избор за селектор кој ќе го крене нивото на репрезентацијата со своето знаење и искуство. Ова е договор на подолги патеки, минимум на четири години“, изјави директорот на КФСМ, Тодор Гечевски.

Се вчитува...