Бајиќ: Кај мене нема да играат имиња, ниту пак деца само затоа што се млади…

Селекторот на македонската репрезентација, Драган Бајиќ, најави дека планира да го подмлади составот на националниот тим, потенцирајќи дека ќе бара максимално залагање на секој тренинг, каде ќе ја врши селекцијата на играчите кои ќе го носат репрезентативниот дрес во иднина.

„Неиграњето на Војдан секако е проблем, верувам дека е време за подмладување на репрезентацијата. Тоа нема да значи дека им ја затвораме вратата на поискусните, секој играч ќе биде повикан, ќе има можност да се докаже. Кај мене нема да играат имиња и презимиња, ниту пак деца само затоа што се млади. Ќе барам максимално залагање на секој тренинг, тоа е единствениот начин да се докажете кај мене дека заслужувате да се најдете во тимот“, порача Бајиќ.

Тој откри дека преговорите траеле кратко бидејќи без многу размислување ја прифатил понудата на раководството на федерацијата.

„Знам дека состојбата со играчите во репрезентацијата не е идеална, но и мојата тренерска кариера не беше „мед и млеко“. Секогаш сум подготвен за предизвици, досега успешно одговарав на нив и верувам дека тоа ќе биде случај и со македонската репрезентација. Кога ми се јавија, прво што ми падна на памет беа добрите резултати на генерацијата на Антиќ, Гечевски и Владо Илиевски. Знам дека состојбата сега не е на тоа ниво, но не се плашам од предизвикот, Не сум детално запознаен со квалитетите на помладите играчи, имам гледано средби на Македонија, но не премногу. Мора да разберете дека имам премногу клупски обврски, но секако имам доволно време за да се подготвиме максимално за претквалификациите за СП“, изјави Бајиќ.

Не сум детално запознаен со квалитетите пред се на оние помлади играчи

Нема да играат имиња и презимиња, ниту пак млади играчи само затоа што ќе играме

штом дошол, мор да има максимален аспект

во стручниот штаб ќе има еден помошник со мене, имам и пријатели и тренери кои

Малку гледав, но не премногу студиозно, имав премногу обврски на клупски план.. Секако дека имаме време

Се вчитува...