Бајиќ менува: Какруки на местото на Ефремовски за мечот со Украина

Македонската кошаркарска репрезентација утре со почеток во 18 часот ќе ја пречека Украина, во последниот меч од првата квалификациска фаза за СП 2023.

Шансите за пласман понатаму се загубени со петте порази во првите пет кола од овие квалификации, а селекторот Бајиќ е принуден за утрешната пресметка да направи една измена во составот, откако Виктор Ефремовски поради болест отпадна од комбинација за овој натпревар. На негово место повикан е крилниот кошаркар на Работнички, Валмир Какруки, кој го одработе денешниот тренинг и ќе биде дел од тимот што утре ќе им се спротивстави на Украинците.

Шансите за пласман во следната фаза се загубени, но од кошаркарите и од стручниот штаб се очекува далеку подобро издание од досегашните, откако во Сарагоса пред два дена загубивме со 36 поени разлика, а сите пет порази во овие квалификации беа двоцифрени.

Се вчитува...