Бајката на Сандерленд не запре на „Стемфорд Бриџ“, Њукасл сигурен против Фулам

Сандерленд продолжува со изненадувањата во Премиерлигата шокирајќи го Челси со тирумф од 2-1 на „Стемфорд Бриџ“.

Гарначо уште во 4. минута од средбата по одличен продот донесе предност за „сините“ која сепак траеше само до 22. минута кога неодбранлив удар од шестнаесетникот упати Исидор за гостинско изнедначување. До целосниот пресврт гостите стигнаа во 93. минута со голот на Талби.

Њукасл Јунајтед пак им се врати на победите славејќи со 2-1 на домашен терен против Фулам.

Марфи донесе предност од 1-0 за Њукасл Јунајтед во 18. минута, а домаќините истата ја задржаа до полувремето пред Лукиќ да изедначи на 1-1 во 56. минута. Триумфот го донесе Бруно Гимераеш на самиот крај на регуларниот дел од натпреварот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...