Нема крај на бајката на Жирона. Нова победа, и тоа на тешкото гостување кај Рајо Валјекано на Столе Димитриевски. Иако губеше, сепак, тимот кој им „пркоси“ на големите во моментов, извлече три бода.
Гарсија во 5. минута донесе радост за домашните навивачи. Водството беше „поништено“ во 42. минута откако погоди Украинецот Довбик. Се најде сам пред голот на Димитриевски, и успеа да го совлада.
Во вториот дел целосен пресврт. Савио во 65. минута успеа да ја спроведе топката во мрежата на Димитриевски. Македонскиот голман првиот пат одбрани, но не можеше ништо да стори вториот, за победа на Жирона и зацврстување на првата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА