Бајрами откако го сруши Шкупи: Не, не… ова не е одмазда, јас само сакам победи со Македонија ЃП!

Муарем Бајрами, кој пред една година на неправеден начин беше отпуштен од тренерската клупа на „својот“ Шкупи, сега на најдобар можен начин им се ‘одмазди’ на чаирчани.

Веќе на почетокот од својата тренерска активност на клупата на Македонија ЃП, Бајрами успеа да го сруши лидерот Шкупи победувајќи го сега со своите „лавови“ со 2-1 во 13. коло од ПМФЛ.

Но, секогаш скромниот Бајрами вели дека овде не се работи за никаква одмазда но единствено максимална професионалност и секогаш да победува со Македонија ЃП како негов тренер.

„Не, не, не станува збор за одмазда. Ова е само трка во која е многу нормално секој да игра за да победи. Го тренирам тимот за успех и мило ми е што освоивме три бода од дуелот со лидерот Шкупи. Победата е заслуга на фудбалерите и јавно им честитам за овој настап. Горд сум што сум тренер на една ваква група момци и горд сум и благодарене за начинот на кој одговараат на зададените задачи. Тоа е нешто кое ме прави среќен, не од некоја друга причина. Не можам да го избришам или заборавам моето минато ниту да ги променам чувствата. Но, ние сме професионалци и како такви го даваме најдоброто за тимот во кој работиме“ – вели Муарем Бајрами по вчерашниот триумф над Шкупи.

Се вчитува...