„Бакси“ го потврдија Казинс

Милвоки Бакс го промовираше центарот ДеМаркус Казинс кој доаѓа како слободен агент.

Казинс има 10 годишно искуство во НБА, со просек од 20.4 поени по натпревар, 10.6 скока, 3.1 асистенција и 1.4 украдени топки, 1.3 блокади. Тој има одиграно 606 натпревари во НБА лигата.

Казинс беше избран во четири Ол Стар натпревари, а беше дел од Сакраменто, Њу Орлеанс, Голден Стејт и Хјустон. Најдолго се задржа во Сакраменто во кој мина седум сезони, односно од 2010 до 2017. Тој ќе го носи дресот со број 15 во Милвоки.

Се вчитува...