Балканска вечер во претсезоната на НБА (ВИДЕО)

Подготовките за новата сезона „преку барата“ продолжија и изминатата вечер во еден новитет – Никола Јокиќ. Српскиот центар од редовите на Денвер го одигра првиот меч во претсезоната и веднаш забележа дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока за само 16 минути поминати на паркетот во поразот на неговиот тим од Голден Стејт со 118-116.

Јокиќ за противник го имаше својот сонародник Немања Бјелица кој за тимот од Калифорнија забележа 13 поени со реалзација 4/7 од поле со три погодени тројки од пет обиди.

Одличен натпревар одиграа и балканците од редовите на Далас, Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ во победата над Маверикс над Јута со 111-101. Младиот Словенец беше еден од предводниците на својот тим со 19 поени и реализација 8/10 од игра, додека српскиот центар додаде 14 поени со две погодени тројки.

Се вчитува...