Бреша повторно доби нов тренер, откако претседателот Масимо Челино реши да му врачи отказ на Еугенио Корини вторпат во текот на оваа натпреварувачка сезона.
Корини најпрвин беше отпуштен на 3 ноември, но потоа на 2 декември беше вратен на клупата на Бреша откако неговиот наследник Фабио Гросо ги загуби трите натпревари, без ниту еден единствен постигнат погодок. Сепак, кризата на Бреша се продлабочи, оваа екипа во последните шест кола освои само два бода, па Челино реши повторно да го отпушти Корини од тренерската функција.
За нов тренер е именуван Диего Лопез, уругвајскиот стратег што пред два месеци беше поврзуван со Џенова. Во меѓувреме тој стана слободен за преселба откако на крајот од 2019 година му истече договорот со Пењарол, па сега се враќа во Калчо-лигата каде веќе ги водеше екипите на Калјари, Палермо и Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА