Балотели доби отказ од Бреша

Епизодата на Марио Балотели во Бреша и дефинитивно е завршена откако клубот одлучи да му го раскине договорот поради нарушување на клупската дисциплина, пренесува „Газета дело спорт“.

Балотели пред неколку денови не се појави на тренингот на Бреша, подоцна правдајќи се дека бил болен што не било прифатено од челниците на клубот.

Иако имаше договор до јуни 2022 година, Бреша се одлучи да му врачи отказ поради нарушување на клупската дисциплина. Балотели бил решен да покрене и судска постапка во одбрана на своите права, но адвокатите го советувале дека најдобро за него е да се согласи на раскин на договорот.

Се вчитува...