Балотели доби забрана за влез во тренинг центарот на Бреша (ВИДЕО)

Марио Балотели не доби дозвола за влез во тренинг центарот на Бреша што значи дека од клубот веќе се откажаа од услугите на контроверзниот Италијанец. Медиумите во Италија пренесуваат дека иако Балотели утрово на време се појавил пред вратите на тренинг центарот, пристап во него не му бил дозволен бидејќи неговиот медицински сертификат не бил валиден.

Последниот инцидент следува по наводите дека клубот веќе се откажал од неговите услуги, поради инцидентот кој го имал со претседателот на клубот Масимо Челино и се чека само крај на сезоната 2019/2020 за неговиот договор да биде раскинат. Балотели на стартот на минатата сезона потпиша за клубот од неговиот роден град.

Тој сезонава во Серија А забележа 19 настапи на кои постигна 5 гола. Сепак, неговата недисциплина повторно беше во прв план. Почна повторно да пропушта тренинзи и со тоа внесе незадоволство во соблекувалната на тимот.

Се вчитува...