Балотели и Ница го урнаа шампионскиот сон на ПСЖ

Ница го совлада Пари Сен Жермен со 3-1 и му го одзема сонот за одбрана на титулата на актуелниот француски првак. Сега ПСЖ има три бода помалку од Монако, кој има одиграно и еден меч помалку, на три кола до крајот на шампионатот. Тоа е огромна предност за „кнезовите“. Ница со овој триумф се доближи на три бода до ПСЖ, во обидот да им го одземе и второто место, кое води директно во Лигата на шампионите.

Марио Балотели во 26.минута постигна одличен гол и го најави поразот на големиот ривал. Рикардо Переира на самиот почеток на вториот дел, исто така со „убавец“ по вторпат ја затресе мрежата на „светците“. Маркињос во 64.минута даде мала надеж за ПСЖ, но Донис стави точка на триумфот во 90.минута. Во завршницата, фудбалерите на ПСЖ загубија глава, па поради груби стартови црвени картони заработија Тијаго Мота и Анхел Ди Марија.

All Goals & Highlights HD – Nice 3-1 PSG 30.04… by arcturusmedia33Anastasios Donis Goal HD – Nice 3-1 PSG 30.04… by riqezi

Се вчитува...