Балотели: Ќе дојдам и ќе ви удрам шлаканица

Кронавирусот ги суспендираше речиси сите спортски натпреварувања во Европа, а најкритична е ситуацијата во Италија каде цела земја е во карантин. Околу ситуацијата се јави и секогаш контроверзниот Марио Балотели.

„Мораме да останеме дома. Луѓето не сфаќаат колку е сериозна ситуацијата. Ми недостасува фудбалот, но мораме сите да останеме дома. Доколку не го направите тоа ќе дојдам и ќе ви удрам шлаканица“, изјави Балотели. 

Последните информации велат дека бројката на заразени во Италија стигна до 13.000 лица.

Се вчитува...