Балотели: Ме уценуваше, ми побара 100.000 евра

Кога е во прашање Марио Балотели на проблемите никогаш им нема крај. Италијанските медиуми јавуваат дека е закажано сослушување на фудбалерот на Бреша по повод тужбата од анонимна девојка поради наводно силување.

Напаѓачот во изјава за полицијата кажал дека девојката eдна седмица пред поднесување на тужбата барала состанок со Балотели како би се договориле околу повлекување на истата. Девојката тогаш му напоменала дека за сума од 100.000 евра е подготвена да ја повлече тужбата за силување, што Балотели го окарактеризира како класична уцена. Бидејќи не сакал да и даде пари таа одлучила да го тужи.

Кога се сретнале 2017 година во Ница таа била малолетна, а фудбалерот во изјава за полицијата рекол дека јасно ја прашал дали е полнолетна на што таа одговорила потврдно по што двајцата се гледале неколку пати.

Се вчитува...