Балотели: Ништо нема да ризикувам поради фудбалот

Марио Балотели ја поддржи одлуката сите спортски активности во Италија да бидат откажани. Синдикатот на професионални фудбалери порача дека здравјето е многу поважно од парите и дека сите мораат да се разбудат и да видат со што се соочува земјата.

„Парите не се поважни од здравјето. Немојте да ми пишувате глупости „Ти си заштитен, која е разликата дали играш или не“. Го сакам фудбалот повеќе од сите вас. Но, ако играме тоа значи дека треба да патуваме со автобус, воз, авион, да спиеме во хотели и да доаѓаме во контакт со други луѓе. Не можам да ги видам своите деца поради вирусот бидејќи тие живеат во Ломбардија. Доволни ми е тешко и вака“, изјави Балотели. 

Балотели беше дел од тимот на Бреша на вчерашното гостување кај Сасуоло, во кој неговиот тим загуби со 3-0.

Се вчитува...