Балотели по четири години се врати во репрезентацијата на Италија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета во јануарскиот тренинг камп кој ќе го имаат „аѕурите“ како подготовка за бараж натпреварот за Мундијалот во Катар против репрезентацијата на Македонија.

На тренинг кампот Манчини повика 35 фудбалери, а најголема вест е враќањето на Марио Балотели во репрезентативниот дрес по 2018 година.

За потсетување бараж натпреварот меѓу Македонија и Италија кој ќе се игра во Палермо е закажан за 24. март.

Се вчитува...