Балотели: Полудев сам во карантин, првите три дена јадев само „картон“

Марио Балотели со нетрпение, како што вели, го очекува враќањето на тренинзите на Бреша закажано за 18. мај.

Балотели вели дека полудел во карантинот, а најголем проблем му била храната затоа што не е многу вешт во готвењето.

„Речиси полудев овие изминати недели затоа што бев потполно сам. Ќерката ми е во Наполи, синот во Цирих, а мајката е во години и мора да внимава. Браќата беа во карантин со своите семејства. Тешко е кога си сам. Беше невозможно и да се тренира како што треба. Едвај чекам да се врати нормалниот живот“ – вели Балотели и дополнува:

„Буквално имав чувство дека првите три дена јадам картон затоа што не знам ништо да зготвам. За среќа потоа профункционира доставата на храна и се беше полесно“.

Се вчитува...