Ница во дербито на колото денеска (13 часот) го пречекува лидерот на табелата во францускиот шампионат, тимот на Пари Сен Жермен, а Марио Балотели ја зовре атмосферата во пресрет на дуелот. Контроверзниот италијански напаѓач истакна дека ПСЖ е само еден обичен тим од Франција и дека не се „пали“ на дуелите против фудбалерите на овој тим.
„ПСЖ? Не знам зошто се право толкава драма. Тие се само еден обичен тим од Франција, да речеме како Генгамп. Парите можат да ти купат фудбалери, но не можат да ти направат тим. Ги гледав само еднаш оваа сезона, против Реал Мадрид – и тие загубија“, изјави Марио Балотели.
Ова секако е супер најава за денешниот дуел во рамките на францускиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА