Бараж за СП: Исланд се мачеше со Литванија, Австрија ја реши Белорусија

Исланд се соочи со неочекувани проблеми, но на крајот сепак успеа да се пласира на СП 2019 во ракомет, откако со многу мака Исланѓаните го добија дуелот со Литванија со 34-31. Првиот натпревар на овие две селекции заврши нерешено, а на десет минути до крајот Исланд имаше само еден гол предност. Сепак, финишот мина во знакот на домашната селекција, која на крајот сепак обезбеди мундијалска виза.

Австрија обезбеди пласман на СП откако вечерва славеше над Белорусија со 31-26. Првиот дуел заврши без победник, 28-28, а Белорусите имаат за што да жалат бидејќи по првото полувреме водеа со 13-16, за второто да го загубат со 18-10, за австриска радост во овој бараж. Херман со шест гола беше најефикасен кај победничката селекција, во чии редови Цајнер и Билик постигнаа по пет погодоци.

Шведска возврати по неочекуваниот пораз во Холандија, па со денешната победа од 26-20 ги елиминираше „лалињата“. Голманот Апелгрен бранеше одлично, додека во нападот на Швеѓаните најмногу се истакнаа Толбринг и Закирсон со по седум погодоци.

Се вчитува...