Барди: Беше очигледен пенал, не ми е јасно како може да се направи таков превид!

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Енис Барди очекувано револтиран по мечот со Ерменците… И поради убедливиот пораз, и поради недосудениот очигледен пенал врз него во првото полувреме кој можеше да промени многу нешта околу конечниот исход.

„Тоа беше очигледен пенал кој го видоа буквално сите. Но, очигледно само не судијата. Навистина не ми е јасно како може да се направи таков превид. Па противничкиот фудбалер не ја ни допре топката, а отиде директно на мојата нога. Тој пенал и тоа израмнување сигурно ќе го променеше целиот тек на натпреварот. Но, што е тука е. Нема враќање назад, и мора оваа лоша епизода да ја заборавиме и до крајот да се избориме за првото место во групата“ – вели Барди.

Се вчитува...