Барди бомбардерот: Незадржлив проектил од слободен удар (ВИДЕО)

Енис Барди е вистински бомбардер. Има „снајпер“ во ногата, и тешко на противничките голмани кога ќе застане да изведува слободен удар. Го почувствува тоа и голманот на Реал Сосиедад, Џеронимо Рули во 89.минута од вечерашниот натпревар.

Барди испрати проектил од 18 метри и на фантастичен начин ја затресе мрежата на Реал Сосиедад. Леванте стигна до втората победа, славеше со 3-0, и се уште нема пораз по пет кола во Ла Лига.

Amazing Free Kick Goal Enis Bardhi (3:0… by ylberenexhipi

Се вчитува...