Барди двоен асистент, Леванте до триумф против Селта Виго… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со две асистенција партиципираше во победата од 1-4 на Леванте на гостувањето против Селта Виго во 24. коло од Ла Лига.

Барди најпрво нафрлувајќи директно од корнер во 40. минута овозможи погодок на Морено за 0-2 во тие моменти за Леванте.


Претходно, гостите во 20. минута дојдоа до водство со голот на Моралеш, а истиот фудбалер погоди во 62. минута и за 0-3. Домашните со голот на Мендез од пенал во 87. минута намалија на 1-3, за да во 84. минута Мајорал погоди за конечни 1-4 на Леванте, а по прекрасната асистенција на македонскиот репрезентативец.


Се вчитува...