Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Бодрумспор одиграа квалитетен натпревар против Гезтепе во 22. коло од турската Суперлига за значен бод во битката за опстанок во лигата.
На домашен терен Бодрумспор ремизираше без голови, на тој начин доаѓајќи до бод по двата претходни едноподруго порази.
Барди одигра 82 минути за домашните, издвојувајќи се како еден од најдобрите фудбалери на теренот и според оценките на турските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА