Барди го стресе Бетис (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна нов погодок за Леванте во Примера. Тоа е негов четврти гол оваа сезона, прв на домашен терен. Во 36.минута Барди доби топка од Рочина на левата страна, се ослободи од противничкиот фудбалер и со прецизен шут со левата нога ја затресе мрежата на Бетис. Леванте по првото полувреме има водство од 2-0.

Се вчитува...