Барди и Леванте без голови против Гетафе

Леванте ремизираше без голови пред своите навивачите против Гетафе во 22. коло од шпанската Ла Лига.

Тимот од Валенсија беше многу подобар на мечот од противникот, но не успеа да реализира неколку добри можности за погодок на крајот помирувајќи се со нерешениот резултат.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 71 минута за Леванте, кога беше заменет од Борха Мајорал.

Леванте по 22 кола со 27 бода е на десеттата позиција на табелата во шпанското првенство.

Се вчитува...