Македонскиот репрезентативец Енис Барди со својот Леванте ја запиша првата победа сезонава во Ла Лига. Во 2. коло од шпанскиот шампионат Леванте славеше на гостувањето против Осасуна со 1-3.
Барди, очекувано, се најде во стартната постава на Леванте настапувајќи до 75. минута. Тимот од Валенсија со пресврт дојде до триумфот откако домашните поведоа во 38. минута со голот на Торес, а за Леванте израмни Мелеро само три минути подоцна.
Победата за Леванте дојде во второто полувреме со головите на Роџер во 77. минута и Моралес во 81. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА