Барди и Леванте двапати водеа, но загубија на „Месталја“

Градското дерби меѓу Валенсија и Леванте донесе фантастичен фудбал, пет погодоци, но Енис Барди и соиграчите со наведнати глави го напуштија теренот на „Месталја“ губејќи го овој драматичен дуел со 4-2. Леванте двапати доаѓаше во предност во првото полувреме, но се беше попусто кога „лилјаците“ најдоа начин не само да се вратат, туку и да го добијат овој натпреварот.

Моралес беше најдобар поединец на мечот, голгетерот на Леванте постигна два прекрасни погодоци, Валенсија израмнуваше преку Габриел и Гомез, за во 75. минута Валјехо да го комплетира пресвртот и да му донесе огромен триумф на домашниот тим. Конечните 4-2 ги постави Валјехо со својот втор погодок.

Барди беше стартер кај Леванте во ова градско дерби, македонскиот репрезентативец беше заменет во 76. минута, веднаш по постигнувањето на победничкиот погодок на Валенсија.

Се вчитува...