Барди и Леванте редат порази во Ла Лига

Енис Барди и Леванте ја продолжија серијата слаби игри во Ла Лига губејќи со 2-0 на гостувањето против Атлетик Билбао, трет пораз во низа за прволигашот од Валенсија и вкупно четврти во досегашните пет овосезонски натпревари.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути за својот тим, но немаше посериозна шанса да се запише меѓу стрелците против ривалот на кој му имаше постигнато неколку прекрасни погодоци во минатата сезона.

Победникот беше решен во последните дваесетина минути, кога Атлетик го постигна двата погодоци преку Беренгуер и Вилијамс.

Се вчитува...