Барди маестрално додаде, но неговиот соиграч од еден метар промаши невозможно (видео)

Енис Барди доби шанса во стартниот тим на Леванте на дуелот со Еспањол, македонскиот ас е меѓу најдобрите во домашниот состав, но неговото одлично додавање во првото полувреме не беше крунисано и со гол само поради огромното промашување на Пубил.

Барди одлично втрча по десната страна, ја согледа ситуација и крај голманот го проигра Пубил на еден метар од противничкиот гол, но десниот бек не се снајде најдобро и од непосредна близина промаши стопроцентна шанса.

Огромно промашување што може скапо да го чини тимот на Леванте во борбата за опстанок.

Се вчитува...