Барди: Мораше да реализирам уште во првиот дел, но ете се извадив со голот во второто полувреме

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Стрелецот на единствениот гол за Македонија, Енис Барди нагласува дека сите мора да бидеме среќни од начинот на кој фудбалската селекција игра на секој следен натпревар. Против Словенија можеби заслуживме и победа, но мора да бидеме задоволни и со ремито.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, дека Словенците ќе играат агресивно во желбата за победа. Но, и ние не дојдовме тука однапред да се предадеме. Напротив, видовте дека демонстриравме силна борба и одигравме квалитетен дуел. Може да кажам дека оваа Македонија од натпревар на натпревар игра се подобро, со секој нов собир сме се подобри“ – вели Барди.

Можеше и порано да донесе израмнување во првото полувреме…

„Да, мораше да реагирам далеку подобро при онаа шанса во првото полувреме. Но, ете фала му на Господ што се извадив со голот во вториот дел. Ја следев добро акцијата на Џани Алиоски, знаев дека ќе ја врати топката пред голот на Словенците и успеав да постигнам гол за бод“ – вели Барди.

Се вчитува...