Барди на крајот сепак ќе остане во Трабзонспор

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на турскиот Трабзонспор.

Медиумите од оваа земја пренесуваат дека Барди и на Бјелица и на раководството на клубот им рекол дека сака да остане, па сега веројатноста е уште поголема дека фудбалерот за врска и во новата сезона ќе игра за турскиот клуб.

Барди во Трабзон дојде за три милиони евра од Леванте по пет години поминати во шпанската Ла Лига, а во изминатиов период се поврзуваше со трансфер во шпанска Жирона, италијански Торино, англиски Хал, американски ЛА Галакси.

Се вчитува...