Барди: Од секој меч се учи многу, Финска ни се затвори, но ќе го победиме Азербејџан

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот втор пријателски натпревар на мини-турнејата во Турција, против селекцијата на Азербејџан. Оваа втора проверка ќе се одигра на „Мардан Арена“, а репрезентативците денеска го почувствуваа амбиентот.

Играчот за врска Енис Барди вели дека секој нов меч е ново искуство и може многу да се научи, очекувајќи триумф на дуелот со Азербејџан.

„Одигравме добар меч против Финска. Тие играа цвсто, се затворија, а ние имавме шанси за победа, кои не ги искористивме. Сепак, научивме многу и од тој натпревар. Мислам дека против Азербејџан ќе биде поинаку. Тие имаат среден ред кој размислува поофазивно, а посакуваме триумф, за да ја продолжиме низата без пораз и уште помотивирани да го пречекаме стартот на новото натпреварување, Лигата на нации. Оваа селекција ја краси одличен тимски дух и мислам дека тоа ќе не носи кон нови успеси во иднина“, истанува Енис Барди.

Се вчитува...