Барди: Пандев за сите нас е буквално злато!

Стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2020 очекувано е во знакот на натпреварот број 100 за Горан Пандев во репрезентативниот дрес. За тоа е свесен и секој од македонските репрезентативци кои потенцираат дека против Летонија во четврток на “Филип Втори” неизбежно ќе се атакува на триумф, токму и во чест на јубилејот на капитенот.

“Сите сме среќни што во националниот тим имаме играч како капитенот. Горан Пандев за Македонија, за македонскиот фудбал и за сите нас кои сме во репрезентацијата е буквално злато. Тоа го знаеме сите и затоа од срце сакаме со победа против Летонија да го заокружиме неговиот јубилеј” – вели за ЕКИПА, Енис Барди.

Фудбалерот на шпански Леванте е убеден дека националниот тим може да дојде до победата против Летонците.

Успесите на репрезентацијата зависат од моменталната форма на поголемиот дел фудбалери. А ние во моментов имаме состав со репрезентативци кои играат во одлична форма за своите клубови. Сето тоа ветува добар натпревар и верувам наша победа за позитивен старт на квалификациите како продолжување на успешните настапи во Лигата на нации” – вели Барди.

Се вчитува...