Барди: Сега е наше време…

Македонија го победи Гибралтар со 4-0 и со убедлив триумф го освои првото место во групата 4 од Лигата Д, отворајќи го патот кон Европското првенство во 2020 година. Ќе следи полуфинален дуел кој македонските фудбалери ќе го играат на домашен терен, а потоа и големо финале, за остварување на сонот.

Енис Барди ја отвори серијата голови на вечерашниот меч, а по победата порача дека Македонија има сили за пласман на ЕП.

„Сега е наше време, го чувствуваме тоа. Имаме одличен тим и нема да застанеме тука. Сега сме во полуфиналето, уште два чекора до финалната цел. Бевме подобри, надмоќни против Гибралтар и заслужено славевме. Треба да продолжиме во ист стил и на наредните натпревари, затоа што оваа генерација може многу“, изјави Енис Барди, стрелецот на првиот погодок во вечерашниот триумф.

Се вчитува...