Барди: Судијата не оштети, мораше да биде консултиран ВАР системот

Македонскиот репрезентативец Енис Барди смета дека Леванте заслужил најмалку бод од пресметката со Реал Мадрид изминатиов викенд во Ла Лига.

Барди откако од 2017 година е во Леванте го доживеа првиот пораз во четвртиот дуел со „кралевите“. Реал во Валенсија славеше со 1-2, благодарение на голот од пенал на Бејл по сомнително досудениот пенал. Претходно, пак, Реал Мадрид поведе со гол исто така од пенал откако главниот судија консултираше ВАР систем по играта со рака токму на Барди.

„Одигравме квалитетен меч, посебно во второто полувреме. Заслуживме најмалку бод од дуелот со големиот фаворит. Ако може да кажам дека првиот пенал и можеше да се досуди, тогаш навистина сметам дека бевме оштетени со досудениот втор пенал за Реал. Чудно е што главниот судија и воопшто не сакаше да го консултира ВАР системот. Доколку тоа се случеше сигурен сум дека ќе беше понуштена одлуката за пенал за гостите. Но, како и да е, нема враќање назад. Веќе сме со мислите за следните предизвици во Ла Лига“ – вели Енис Барди.

Се вчитува...