Барди, Трајковски и Димитриевски ќе минат три теста за Covid-19 пред продолжението на Ла Лига

Македонските фудбалски репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски ќе мораат да минат три теста и да бидат негативни на Covid-19 пред продолжението на шампионатот во Ла Лига. Иста е процедурата и за Секунда Дивизион и Столе Димитриевски. Подготвен е протоколот според кој ќе се одвива враќањето на фудбалот во Шпанија, а ваквите мерки треба да обезбедат максимална сигурност за натпреварувачите. како да се има безбедни мечеви во елитната диизија.

Фудбалерите прво ќе бидат тестирани, а потоа ќе можат да им се вратат на тренинзите. Вториот тест ќе биде извршен додека тренираат во помали групи, а третиот пред самото продолжение на првенството кое е суспендирано поради пандемијата на коронавирусот.

Натпреварите во Ла Лига до крајот на сезоната сигурно ќе се играат без присуство на публика.

Се вчитува...